Кабинетот на Иванов демантира дека е помилуван Игор Спасов и дека се помилувани педофили

Кабинетот на претседателот демантира дека е помилуван осудениот за убиството на Мартин Нешковски, „тигарот“ Игор Спасов и демантира дека на листата помилувани лица за Нова Година има педофили.

Image

Демантот следува по објавите на социјалните мрежи и интернет портали дек Иванов го помилуван Спасов и дека помилувал лица осудени за педофилија.

„Претседателот на Република Македонија во извршување на оваа негова уставна ингеренција се води единствено според законите, односно одлуките за помилувањето ги носи исклучиво и согласно постапката и одредбите од Законот за помилување. Ги упатуваме медиумите добро да го прочитаат членот 1 од Законот за помилување во кој јасно и недвосмислено се наведуваат кривичните дела за кои не може да се даде помилување.(вклучително и за Дела за педофилија) Оттука сметаме дека овие изнесени лаги и невистини имаат единствена цел да му наштетат на угледот на претседателот Иванов и да го дискредитираат неговото извршување на функцијата Претседател на Република Македонија“, се вели во реакцијата од Кабинетот на Претседателот.

Оваа година а новогодишните празници Иванов помилува 174 осуденици.