Како влијаат боите врз вашето однесување?

Дали сте се запрашале зошто некои луѓе купуваат облека во светли тонови, а други во темни? Дали ви било непријатно кога сте седеле во соба со црвена позадина, а сте се чувствувале подобро во просторија со сини ѕидови?

rgb_2048_2

Всушност, овие приоритети не се случајни. Науката докажала дека боите влијаат на нашето расположение и здравје.

Пред повеќе од половина век швајцарскиот психолог Лошер разви метод на бои -дијагноза, кој прераснал во светски. Преку него може да се утврди душевното расположение на човекот во одреден момент. Тестот е едноставен – треба да се подредени на принципот “Ми се допаѓа – не ми се допаѓа” осум квадрати со различна боја од пријатни до навредливи.

Четирите основни бои во палетата ќе го одредат карактерот на човекот: темносина, синозелена, портокалово – црвена и светложолта, а четирите дополнителни бои (црна, сива, кафеава и виолетова) даваат информации за состојбата во моментот на истражувањето.

Лекувањето со бои (хромотерапијата) денес е многу популарно. За влијанието на бојата врз организмот и нервниот систем има неколку докажани факти – на пример дека црвената е дел од спектарот возбудливи и топли бои, а сината -смирува и лади.

Црвената боја секогаш влијае на физичката состојба, жолтата – на менталната, а сината – на емоционалната состојба.

Виолетова боја ја зголемува интелектуалната активност, но тоа може да биде и многу опасно – претерувањето со неа води до депресивна состојба. Затоа не се препорачува и осветлувањето на големи површини дома со неа, особено во детската соба зашто психата на детето е премногу кревка.

Набљудувањата покажуваат дека темносината боја го намалува крвниот притисок и болките. Има и позитивно влијание врз ‘рбетниот столб и се применува за лечење на мигрена.