Киднапиран фудбалер на Олимпијакос

Алан Пулидо, фудбалер на Олимпијакос и повремен репрезентативец на Мексико е киднапиран во близина на својот дом во Сиудад Викторија.

Image

Јавноста за настанот дознала од полицијата, во чии извештај се наведува дека 25-годишниот фудбалер бил грабнат на паркинг, во близина на својот дом, од шестмина маскирани напаѓачи.

Фудбалерот бил со својата девојка, која напаѓачите ја оставиле неповредена на паркингот.

Пулидо, во Олимпијакос пристигна во јули минатата година, а сезоната ја заврши со шест голови на 15 одиграни натпревари. За репрезентацијата на Мексико има одиграно шест натпревари.