Платини пред долгогодишна суспензија

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини ќе биде суспендиран од фудбалот, објави потпаролот на Етичкиот комитет на Светската фудбалска федерација, Андреас Бантел.

Image

Платини и првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, во октомври добија 90-дневна суспензија поради ткн. нелојална исплата. Имено ФИФА, односно Блатер на Платини му исплатите 1,8 милиони евра за консултански услуги, иако за тоа не постои никаков потпишан договор.

„Платини ќе биде суспендиран на неколку години, а што се однесува до Блатер, за него не постои разлика помеѓу повеќегодишна збрана и доживотна суспензија“, рекол Бантел за весникот „ l’equipe“.