Клиперси го казнија Грифин со 860.000 долари

Крилниот центар на ЛА Клиперс, Блејкс Грифин, доби парична казна од клубот, поради инцидентот со клупскиот економ, по кој Грфин заврши со фрактура на дланката. Инцидентот се случи пред еден месец во Торонто, кога Грифин по една расправија го удрил економот .

Image

Клубот одреди Грифин да не добие плата за пет натпревари кои ќе ги одигра, што значи дека тој ќе остане без 859.422 долари. Блејк Грифин оваа сезона игра за плата од 18, 9 милиони долари.

Клиперси, парите од казната на Грифин, ќе ги донираат во добротворни цели, односно кај организации кои им помагаат на младите луѓе во Лос Анџелес. Исто така клубот го замолил Грифин да најде време да им помага на овие организации.

Инаку, Грифин, се рехабилитирал од повредата и е подготвен да се врати во натпреварувачки ритам.

Неиграњето на Грифин не се почувствува во играта на Клиперси, кoи од 26.декември наваму забележаа 18 победи на 22 натпревари.