Клучни совети против oпаѓање на косата кај мажите

Наследната ќелавост или ненадејното губење на косата кај мажите може да биде предизвикано од различни причини. Паѓањето на косата можеби не можете да го спречите, но со неколку корисни совети може да го поттикнете растот на косата.

mazi_kelavost

 

1. Важна е исхраната богата со протеини и зеленчук

Со медитеранска исхрана лесно се регулира ќелавоста. За раст на косата неопходни ви се есенцијалните аминокиселини лизин и добро ниво на железо, кои може да ги најдете во протеините на месото, рибите, јајцата и јаткастите плодови.

Растот на косата се забрзува и со витаминот Б кој го има во повеќето производи како банани, грав или авокадо.

2. Масажа на влакната

Десетминутна масажа на темето ќе го зајакне коренот на косата и со тоа ќе го спречи опаѓањето. Со оваа масажа се поттикнува и циркулацијата, која доведува поголеми количини кислород до фоликулите и со тоа обезбедува подобар раст на косата.

Во народната медицина се препорачува масирање на темето со јаболков оцет. Измешајте оцет и обична вода во сооднос 1:2, нанесете го растворот на мокра и измиена коса, масирајте, па повторно измијте ја. Масажата помага да се ослободите од стресот кој е и најголем причинител за паѓање на косата.

3. Козметички производи

Некој конкретен лек против паѓање на косата кој ви гарантира добри резултати, нема. Но, има многу козметички препарати кои помагаат во забавување на опаѓањето. Кога ги купувате, забележете внимателно дали ги содржат потребните аминокиселини кои го поттикнуваат растот на косата.