Колку жените се грижат за својот изглед?

Неодамнешното истражување во Велика Британија покажало дека жените постојано се грижат за свој изглед и дека секојдневно со вознeмиреност ги следат знаците на стареење.

getting-ready

Во текот на истражувањето, 1000 жени на возраст помеѓу 35 и 69 години, една недела носеле апарат на кој требале да притиснат копче секој пат кога ќе почувствувале тешкотии поради стареењето и лошиот изглед.

Испитаничките во просек го притискале копчето 36 пати дневно, односно 252 пати неделно.

Едната од нив, 59 годишната Шери Хјусон, изјавила дека истражувањето покажало колку жените генерално се опседнати со својот изглед.

Шери, која пред десет години имала лифтинг на лицето, за една недела го притиснала копчето 1400 пати, наведувајќи дека мислела да го направи тоа и многу повеќе пати.

Во изјавата за британскиот весник „ Daily Mail“, таа навела дека во будна состојба имала нeгативни мисли за себе отприлика на секои три минути, а дека најлош период од денот и било утрото, веднаш откако ќе се разбуди.

Истражувањето имало за цел да заклучи колку современото општество, опседнато со надворешниот изглед, генерира страв од стареење и притисок што подолго да изгледа младо.