Проверете дали е време да ја промените фризурата

Секако дека ви годи кога некој ќе ви упати комплимент дека имате убава и негувана коса – токму затоа таа е заштитен знак на многу девојки.

kosa

Средената фризура е најдобро решение за нашата самодоверба – па затоа многу девојки се чувствителни кога е во прашање промена на косата или пак се во дилема дали нешто треба да менуваат или не.

Но, ако таа дава некој од следниве знаци, тогаш дами, време е за промена:

1. Тенка коса без волумен

Поради годините и препаратите со кои секојдневно ја третираме својата коса, таа со тек на време ја променува својата структура, па затоа како што минуваат годините, истата фризура не стои исто на 20 и на 30 години.

Ако вашата коса се истанчила и го изгубила волуменот, па дури и после фенирање, тогаш време е да ја скратите – барем малку.

2. Прави да изгледате постаро

Ако луѓето се изненадуваат кога ќе им кажете колку години имате или често ви кажуваат дека многу личите на тетката која знаете дека со години не отишла на фризер, можеби во прашања е косата.

Свежата фризура може да ве направи многу помладолики. Ако не сте сигурни која фризура ќе ви стои добро, посоветувајте се со фризер пред да се одлучите на било каква промена.

3. Ви треба повеќе време од вообичаено за да ја наместите косата

Ако порано за многу пократко време имавте совршена фризура, а сега ви е потребно повеќе од половина час за да го постигнете совршениот изглед, или на крај се одлучите да ја врзете во опавче, тогаш ова е првиот знак дека очајно ви е потребна промена.

4. Се случила промена во вашиот живот

За да изгледате убаво и негувано, фризурата треба да биде во склад со лицето, но и со начинот на кој се облекувате.

Доколку имате нова работа или го променавте модниот стил, тогаш имајте на ум дека и вашата фризура треба да биде трансформирана во таква насока.

Исто така, промена на боја на косата или обликот е најдобриот начин да го преболите раскинувањето и да чекорите посамоуверено низ животот.

5. Веќе 5 години ја имате истата фризура

Убаво е да имате сопствен стил, но со текот на времето работите се менуваат, па и на вашата коса добро ќе ѝ дојде промена – особено ако имавте фризура која сите ја фалеа, а сега тие пофалби ги нема.

Ова е вистинското време да ги погледнете актуелните трендови и да пронајдете стил кој ќе ве инспирира. Дури и ако таа промена се однесува само на шишки, промената на фризурата ќе ви ја врати самодовербата.