Ливерпул го надигра Јунајтед

Ливерпул славеше над Манчестер Јунајтед со 2:0, во првото соочување на двата најголеми англиски клуба во европските купови. Покрај Ливерпул сигурна предност пред осминафиналните реванши стекна Виљареал против Баер Леверкузен (2:0), Лацио извлече 1:1 во Прага, кај Спарта, додека Атлетик Билабо во шпанската пресметка минимално ја победи Валенсија .

Image

Ливерпул, со исклучок на воведните минути, целосно го надигра големиот ривал и оствари одличен резултат пред реваншот во Манчестер.

Даниел Стариџ го постигна првиот гол од пенал по 19 минути игра, а конечните 2:0 ги постави Фирмино во 74.минута. Јунајтед од поубедлив пораз го спаси голманот Де Хеа, кој имаше неколку одлични интервенции.

Идентична предност од 2:0, како Ливерпул, стекна и Виљареал во дуелот со Баер Леверкузен. Бакамбо ги постигна двата гола на мечот во четвртата и 56.минута.

Атлетик и Валенсија играа по тешки услови, теренот на „Сан Мамеш“ беше натопен со вода, а еден гол го реши победникот. Раул Гарсија со глава го совлада Рајан во 20.минута.

Спарта и Лацио ремизираа 1:1, а головите беа постигнати во првото полувреме. Спарта поведе во 13.минута со голот на Фридек, а израмни Пароло во 38.минута.