Уште едно реми на ракометарите во Словенија

Ракометните репрезентации на Словенија и Македонија и во вториот контролен натпревар одиграа нерешено, откако во понеделникот во Кршко резултатот беше 28:28, во вторникот во Цеље двете репрезентации кои ќе учествуваат на ЕП одиграа 23:23.

Image

За разлика од првиот дуел, во вториот Македонија испушти победа, откако на нецели осум минути до крајот на мечот имаше предност од три гола (20:23), но Словенците стигнаа до израмнување, а по истекот на времето Митревски го одбрани ударот на Деан Бомбач.

Исто како и на првиот меч Кире Лазаров со седум голови беше најефикасен играч на теренот, по три гола кај Македонија постигнаа младите Кузмановски и Костески, додека кај Словенците најефикасни со по четири гола беа Кавтичник и Бомбач.

Македонските репрезентативци по Божиќните празници ќе ги продолжат подготовките, а на 10. и 11.јануари ќе одиграат пријателски натпревари со Црна Гора во Скопје.