Манчестер Јунајтед нуди 45 милиони евра за Фелипе Андерсон

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвено е во зимскиот преоден рок да издвои 45 милиони евра за 22-годишниот играч за врска на Лацио, Фелипе Андресон, објавија во вторникот италијанските медиуми.

Image

 

Бразилскиот репрезентативец веќе долго е на мета на Јунајтед, кој досега одбиваше да ги прифати условите на Лацио. Но, со оглед дека резултатите се под очекувањата, раководството на клубот од Олд Трафорд ја прифати високата цена на италијанскиот клуб.

 

Андерсон  во летото 2013 година стигна во Лацио од Сантос за осум милиони евра и потпиша петгодишен договор со кој заработува 800.000 евра годишно.