Работнички ремизираше со Будуќност

Фудбалерите на Работнички не успеаја да стекнат предност против Будуќност во првиот натпревар, одигран во рамките на првото квалификациско коло во Лига Европа. Работнички и Будуќност,во вторникот,одиграа 1-1.

Image

Работнички доминираше против црногорскиот преставник, два пати играчите на Томислав Франц ја погодуваа рамката од голот, вкупно упатија 14 удари кон противничкиот гол но само еднаш ја погодија целта.

Гостите од Подгорица го постигнаа првиот гол на мечот преку Јанкетиќ во 39.минута, а конечниот резултат го постави Елмазна десет минути докрајот.

Реваншот ќе се одигра наредната недела во Подгорица.