Меси инкогнито во театар, но сепак прекина претстава

Аргентинската фудбалска мегаѕвезда Лионел Меси безуспешен во саботата вечерта се обидел инкогнито да погледа театарска претстава во аргентинската престолнина Буенос Аирес, објави локалната телевизија Cronica TV.

Image

Познат по срамежливоста и скромноста, фудбалерот на аргентинската национална селекција и на европскиот првак Барселона, во гледалиштето театарот влегол откако се изгаснале сите светла, неколку минути по почетокот на претставата заедно со мајка му и уште неколку членови на семејството.

Меѓутоа, тоа не му помогнало да остане незабележан. Имено, откако од сцената ги забележал и на неа го извлекол еден од актерите во претставите, бил присилен да излеза пред одушевената публика којашто гласно скандирала „Оле, оле, Лео, Лео!“.

Но ниту на сцената немал мир, бидејќи целата актерска постава од претставата сакала да се прегрне со славниот фудбалер.