Меси: Не се споредувам со Роналдо

Лионел Меси проговори за иднината во Барселона, за Кристијано Роналдо и најважниот тренер во кариерата. Аргентинецот кој е петкратен освојувач на „Златната топка“, во последниот месец се поврезва со трансфер во Манчестер Сити, чии тренер во наредната сезона же биде Пеп Гвардиола.

Image

„Желбата ми е да останам во Барселона и тука да ја завршам кариерата. Сепак во фудбалот никогаш не можете да знаете што ќе се случи. Ги следам англиското и италијанското првенство, но не размислувам да играм таму. Едноставно во Барселона се чувствувам одлично“, рекол Меси.

Нардената сабота Барселона ќе го пречека Реал во 31.коло, во Примера, а шпанските медиуми веќе го најавуваат натпреварот како дуел на Меси и Роналдо.

„Видете, кога Роналдо ја освои „Златната топка“ тој тоа и го засчужи. Јас не се споредувам со него, ниту пак со било кој друг фудбалер во светот. Да бидам искрен, размислувам само за себе и за своите настапи“.

Меси речиси 12 години е во првиот тим на Барселона, дебито го имач на 16.октомври 2004 година против Еспањол, кога каталонскиот тим го предводеше Франк Рајкард.

„Секако дека Рајкард е најзначајниот тренер во мојата кариера. Имаше доволно храброст да ми пружи шанса и мислам дека тоа беше пресудно. Искрено сум му благодарен“, рекол 28-годишниот Аргентинец.

Меси од дебито за Барселона, за овој тим има одиграно 308 натпревари и постигнато 340 голови во Примера.