Мигрантите кои илегално ја преминаа границата вратени во Грција

Околу 600 до 700 мигранти кои во понеделникот илегално ја преминаа македонско-грчката граница кај гевгелиското село Моин се вратени во Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Image

Мигрантите се упатиле од кампот Идомени на грчка територија и границата ја минале во делот каде што не била поставена жичена ограда.

Грчките новинари и фоторепортери кои беа приведени, бидејќи заедно со мигрантите илегално ја минаа границата, како што информираат од МВР, се ослободени и на 28 новинари и фоторепортери издаден им е платен налог за илегално преминување на границата од 250 евра.

Дел од мигрантите кои се наоѓаат во кампот во Идомени во понеделникот илегално ја преминаа границата, а тројца Авганистанци утрото беа најдени мртви во Сува Река близу Гевгелија.