Облачно со интензивни врнежи од дожд

Во четврток во Македонија ќе преовладува претежно облачно и посвежо време, проследено со врнежи од дожд, особено во претпладневните часови.

Image (5)

Според Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе врнежи се очекуваат во северните и источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 10 степени.

Во петок и сабота времето ќе биде претежно стабилно, а од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.

макфакс