Одбележување на Денот на планетата Земја

Image (18)

Градот Скопје и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ (Go Green) во петок од 12 до 15 часот во Градскиот парк ќе го одбележат 22 Април – Денот на планетата Земја.
На одбележувањето на овој значаен ден од еколошкиот календар, на просторот околу Школката во Градскиот парк ќе бидат поставени штандови на кои ќе се делат картички со еколошки пораки и семиња, а ќе се засадат и зимзелени садници.

Во петок, со почеток во 10 часот, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ќе присуствува на одбележувањето на Денот на планетата Земја кој со поддршка на УНДП, УСАИД, Амбасадата на Шведска, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во дворот на основното училиште“Партениј Зографски” во Скопје (ул. Доситеј Обрадовиќ бб, Општина Кисела Вода).

На настанот ќе се засадуваат и дрвни садници што е во склад со овогодинешната тема на Светскиот Ден на Планетата Земја- Дрвја за планетата Земја којa има за цел да мобилизира акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарди дрвја до 2020 година – едно дрво за секој маж, жена и дете.

макфакс