Курц: Целосна имплементација на договорот од Пржино

Ни треба целосна имплементација на политичкиот договор што беше посредуван од Јоханес Хан во минатите недели и опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот, рече австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.

Image

„Ние сите се согласивме дека ни треба целосна имплементација на политичкиот договор што беше посредуван од Јоханес Хан во минатите недели и опозицијата мора да го поддржува исполнувањето на договорот. Сакам да ја искористам можноста да и се заблагодарам на Македонија за многу позитивната улгоа што ја игра во бегалската криза. Тоа многу и помага на земја како Австрија, Германија или Шведска. Сите се согласивме на состнокот дека треба да ја искористиме 2016 година за да добиеме вистински прогрес на интегративниот пат кон ЕУ на Македонија“, истакна Курц.

Ова беше истакнато за време на работниот појадок во Брисел со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во организација на министрите за надворешни работи на Унгарија и на Австрија, Петер Сијарто, односно Себастијан Курц.

И министерот за надворешни работи на Унгарија и член на Советот на ЕУ, Петер Сијарто, во понедлникот во Брисел упати јасна порака за политичките случувања во Македонија лоцирајќи ја одговорноста во редовите на опозицијата, јави дописникот на МИА од Брисел.

По утринскиот работен појадок што Сијарто и неговиот австриски колега Себастијан Курц го организираа за евроинтегративниот процес на Македонија, покрај останатите шефови на дипломатиите на ЕУ-земјите, беа присутни и македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

По завршувањето на состанокот, Сијарто во име на ЕУ побарал „да се почитува волјата на македонскиот народ кој гласал за сегашната Влада“, а тој посочил и дека „тоа што македонската опозиција не сака рани избори, доволно говори за сегашната ситуација”.

„Утринава имавме појадок на пријатели на Македонија со цел да ја покажеме нашата посветеност на сегашната македонска Влада во поглед на евроинтеграцијата на земјата и притоа би сакал да истакнам неколку кратки факти. Првиот е дека интерес на земјите-членки на ЕУ е Македонија да биде успешна во интеграцискиот процес во ЕУ. Втор факт е дека сегашната Влада на Македонија има направено многу со цел да биде успешна во евроинтегративниот процес. Трето, Македонија неодамна одигра многу позитивна улога кога станува збор за мигрантската криза. Всушност, Македонија одигра попозитивна улога од некои други земји-членки на ЕУ, кога станува збор за зголемениот проток на миграција кон централниот дел на Европа“, рекол Сијарто.

Унгарскио шеф на дипломатијата бил конкретен кога станува збор за политичката криза во земјата. „Четврт факт е дека мораме да ја почитуваме волјата на македонскиот народ. А, македонскиот народ гласаше за оваа Влада на четири избори по ред. Сегашната Влада не освои власт и позиција на лотарија, туку на парламентарни избори. Сите ние, не само членките на ЕУ, туку и европските институции мора да го почитуваме овој факт дека оваа Влада ја освои власта на парламентарни избори“, ситакнал шефот на унгарската дипломатија.

Како последна точка во неговиот прв настап на прес-конференцијата по состанокот, министерот за надворешни работи на Унгарија го издвоил и однесувањето на македонската опозиција во земјата и нивното опструирање на договорот од Пржино. „Мојата последна поента е дека ситуацијата е многу чудна во Македонија, бидејќи опозициската партија не сака рани избори што е можно побрзо. Мислам дека тоа многу кажува за сегашната ситуација“, заклучил Сијарто.

Унгарскиот министер посочил и како ЕУ може вистински да помогне да се реши ситуацијата во македонската држава „Мое мислење. или мој став, е дека ЕУ треба да ја поддржува сегашната администрација да го надмине овој вид на кризна ситуација. До опозицијата е да одлучи дали сака да учествува во работата на парламентот или не. Според нашето мерење, силата на демократијата не може да се мери на тоа дали опозицијата сака да учествува во работата на парламентот или не, и мислам дека тоа многу, многу кажува дека главната опозициска партија се обидува да го одложи датумот за предвремени парламентарни избори од време до време. Тоа многу кажува“, порачал Сијарто.