Женева по 18 дена го намали нивото на опасност

Женева во понеделникот го намали степенот на приправност, 18 дена откако започна потрагата по група лица за коишто швајцарските безбедносни сили веруваат дека е поврзана со терористите, соопшти полицијата. 

Image

Во соопштението се наведува дека полицијата на кантонот Женева, по консултацијата со сојузните власти, одлучила да го намали степенот на приправност на оној кој беше на сила пред 10-ти декември.

„Според новата процена за потенцијалните закани од тероризам по божикните празници, донесена е оваа одлука. Дипломатските, верските и трговските цели, за коишто се веруваше дека се потенцијални цели на напади, повеќе не се во опасност“, се наведува во соопштението.

Во Женева се сместени седиштата Обединетите нации, Црвениот крст, како и на бројни банки и финансиски институции. За премина на границата меѓу Швајцарија и Франција, каде во Исламската држава на 13-ти ноември ги изведе терористичките напади во кој беа убиени 130 луѓе, сега не е потребен пасош.

Женева го зголеми нивото на приправност откако возило со белгиска регистрација побегна пред полициска контрола и ја мина границата кон Франција. Притоа се појави и информација за постоење терористичка ќелија во регионот.