ЈО потврди дека има пресврт во истрагата за убиството на Адеми

Јавното обвинителство потврди дека се случи пресврт во истрагата за нападот во кој на 3 јануари смртно настрада 19 годишниот Леарт Адеми.

Image (2)

Две лица во понеделникот сами се пријавиле во полициска станица како напаѓачи, иако веќе шест дена во притвор е лицето А.А. како главен осомничен за нападот,

Од скопското обвинителство велат дека за првично осомничениот веднаш е побарано да се укине притворот, но и да се даде друга поблага мерка за обезбедување,јави телевизијата Алсат-М.

Претходно „Коха“  напиша дека двајцата жители на Чаир, од кои еден е малолетник, сами се пријавиле во полиција и признале оти се извршители на убиството извршено на улицата „Ресенска“.

Откако биле испрашани надлежниот обвинител издал наредба за препознавање.

На извршеното препознавање пријателот на веќе починатиот Адеми кој и самиот бил жртва ги препознал како сторители на нападот. Истото лице претходно го препозна како напаѓач и првично осомничениот А.А. Забуната од Јавното обвинителство ја припишуват на комплексноста и на фактот дека нападот се случил ноќе.

До крвавата трагедија дојде откако две групи момчиња се спречкале по банална расправија.

Леарт Адеми кој е син на спортски новинар во МТВ бил трипати избоден и починал веднаш откако е однесен во болница.

макфакс