Силен земјотрес во Азија усмрти 9 лица и речиси 200 повредени

Силниот земјотрес со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер кој во понеделникот рано утрото го погоди североистокот на Индија во близина на границите со Мјанмар и Бангладеш, а се почувствувал и во Непал, усмрти во регионот најмалку девет луѓе, а повеќе од 200 се повредени, пренесуваат агенциите.

zemjotres

Епицентарот на потресот бил на 57 километри западно од градот Импал, административниот центар на сојузната индиска дражва Манипур, кога граничи со Мјанмар, според американскиот геолошки институт USGS.

Во Индија загинале шест лица, изјави Анураг Гупта, претставник на властите за управување на со природни катастрофи. Полицијата и болниците во градот Импал објавија дека најмалку сто лица се повредени, од кои 33 тешко.

Медиумите претходно пренесоа дека една жртва од земјотресот е пријавена во Бангладеш, која веројатно починала од срцев удар. Според новите податоци на полицијата во Бангладеш, најмалку три лица умреле од срцев удар, а 90 се повредени.

Агенцијата Reuters пренесува дека напорите на спасувачите да ги извлечат луѓето од под урнатините го отежнува прекинот на електричната енергија и на телекомуникациските врски. Лекар од една од локалните болници во Импал за AFP изјавил дека повеќе од 50 лица се примени поради повреди на главите или скршеници.

Повредени се речиси 200 лица во државите погодени од земјотресот, пренесоа агенција. Бидејќи, жителите во паника истрчувале на улиците во паника, имало повреди и при мали стампеда на испаничените жители.

Жителите на Бангладеш и на хималајската држава Непал бегале од своите домови, а потресот се почувствувал и во Јангон, главниот град на Мијанмар од каде засега нема податоци ниту за уривања ниту за жртви.

Седум, држави од североисточна Индија, кои со остатокот од земјата се поврзани со тесен коридор, сместени се во зоната на сеизмичка активност. Во 1950 година десетици села биле разорени и повеќе од 1.500 луѓе загинале во силниот земјотрес со магнитуда од 7,6 степени со епицентар на Тибет, но најголемите штети биле во индиската држава Асам.

Извор: Макфакс