Пекабеско сертифицирана со ISO 22000:2005

Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и лидер во дистрибутивната дејност доби уште еден меѓународен сертификат за безбедност на храна

 Pekabesko logo zeleno

Пекабеско стана една од неколкуте компании од Македонија кои се сертифицирани со меѓународниот стандард ISO 22000 : 2005.

Овој сертификат се однесува на: прием, складирање и дистрибуција на прехрамбени производи, како и на производство на ферментирани трајни и термички обработени колбаси, трајни и полутрајни сувомеснати производи, сланина, конзерви од месо во парчиња и стерилизирани конзерви.

16430284 PEKABESKO ZA 16 LČ22000-mkСпоред Слободан Кутревски, Прв Извршен директор на компанијата, ова е уште една потврда дека Пекабеско ги исполнува сите стандарди во производството и дистрибуцијата на прехрамбени производи.

„Сите производи на Пекабеско се со врвен квалитет и една од нашите најголеми заложби кои ги реализираме е постојаното унапредување и вложување во процесот на производство и безбедност на храната. Потрошувачите тоа го препознаваат и токму тоа е причината за постојаниот раст на продажбата на нашите производи“, изјави Кутревски.

Сертификацијата е извршена од страна на престижната сертификацискa куќа TÜV NORD CERT.

Во 2008 година Пекабеско го имплементираше HACCP стандардот, а во 2009 година се вброи во македонските компании кои го имаат добиено признанието Superbrands.