Се преврте бугарски автобус кај Крива Паланка, петмина тешко повредени

Пет патници се тешко повредени во сообраќајка што се случила во вторникот вечерта околу 21.30 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Опила, општина Ранковце.

Image

Автобус со бугарски регистерски ознаки со којшто управувал четириесет и осумгодишен бугарски државјанин изгубил контрола и излетал од патот, слетал на земјена површина и се превртел на десната страна.

Во автобусот имало вкупно 43 патници, од кои петмина се здобиле со тешки телесни повреди, а 21 патник со полесни повреди.

Сите повредени се примени на лекување во медицинскиот центар во Крива Паланка и се надвор од животна опасност. Сите повредени се бугарски државјани.