Обвинителството во Куманово издадe наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина шестгодишното момче.

Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата.
По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство.
Oбвинителот издал наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.
На телото на детето ќе биде извршена обдукција за да се утврди како починало.