Навивачите на Шалке повредиле 23-ца полицајци

Најмалку 23-ца полицајци се повредени по натпреварот помеѓу Шалке и Волфсбург (3:0) одигран во Гелзенкирхен, соопшти полицијата. Инцидентот се случил кога навивачите на Шалке ги нападнале полицајците, кои ги обезбедувале гостинските навивачи, со шишиња и каменици.

Image

Полицијата идентификувала 143-ца учесници во нередите, а обвинителството во Есен, отворило истрага во врска со нередите.

Шалке, во 20.коло, го совлада Волфсбург со 3:0 и се искачи на четвртото место на табелата со два бода помалку од Херта, која во оваа рунда одигра 0:0 со Борусија Дортмунд.