ЕУРО 2016: Белгија ја декласира Унгарија – видео

Шестиот учесник во четвртфиналето на Европското првенство во фудбал е селекцијата на Белгија. Белгијците во осминафиналето ја декласираа Унгарија со 4-0.

Image (4)

Унгарците, кои ја освоија Ф групата, на теренот во Тулуз, против поквалитетниот ривал излегоа да се надигруваат, а нивната храбра игра Белгијците ја казнија со три гола во последните 12 минути.

Првиот гол на натпреварот го постигна Алдервејлед по само 10 минути игра, потоа Белгија во наредните 60 минути не успеа да реализира многу шанси, но Унгаците не ја казни нивната неефикасност иако имаа неколку добри можности за постигнување на гол.

Победата на Белгија ја завери Батшуаји во 78.минута, а две минути подоцна Азар извонредниот настап на овој меч го круниса со гол по соло акција.

Конечните 4-0 ги постави Караско во 91.минута.

Белгија во четвртфиналето за противник ќе го има Велс.