Направи сама: Маска од мандарини за сува кожа

Испробајте го овој едноставен рецепт за маска од мандарини, кој е вистински спас за сувата кожа.

Mandarin-Orange

Маската припремете ја така што прво ќе ги излупите мандарините, а потоа доколку имаат семки, ќе ги отстраните. Изблендирајте ги и додадете лажичка павлака и добро измешајте. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете да делува 15 минути. Исперете со млака вода, а потоа со ладна.

После употребата на маската, нанесете хидратантна крема.

Маската користете ја еднаш неделно, за да и ја обезбедите хидратацијата на кожата која и е потребна во текот на ладните денови.