Трикови за неудобни чевли

Веројатно на сите ни се има случено да си ги купиме чевлите од соништата, но веднаш штом ќе ги облечеме да дознаеме дека доколку би ги носеле сонот ќе се претвори во кошмар. Постојат неколку едноставни совети кои можат да ви помогнат со проблематичните чевли:

chevli_bolka

Кеса со вода

Наполнете ја кесата со вода, која ја користите за замрзнување и ставете ја во чевлите кои ве стегаат. Важно е кесата да е доволно голема, за да ја исполни целата внатрешност од чевлите. Потоа чевлите ставете ги во замрзнувачот и оставете ги еден ден.

Алкохол

Тој најдобро делува на кожените чевли. Прво пронајдете го местото кое ви предизвикува болка. Тоа место намачкајте го со алкохол. Потоа истото ќе биде помеко.

Чорапи и весници

Намокрете ги чорапите во вода, исцедете ги и ставете ги во чевлите. Кога се сушат, чорапите се шират. Оставете ги нека се исушат во чевлите. Оваа постапка може да ја направите и користејќи весници.