Народна банка пушти во оптек нова кована пара

Народната банка ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „владимирска“ од серијата „Икони на Пресвета Богородица“.

Оваа кована пара е изработена од сребро, а цената на „владимирска“ изнесува 3.800 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.