Наумче Мојсовски се сели во Букурешт

 

Македоснскиот ракометаен репрезентативец, Наумче Мојсовски (35), кариерата ќе ја продолжи во романскиот тим ЦСМ Букурешт, каде тренер ќе му биде поранешниот селектор Звонко Шундовски.

naumce_mojsoski

Средниот бек со романскиот тим ќе потпише договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Мојсовски беше без клуб откако му заврши договорот со Лахвија, поради што и не беше повикан во репрезентацијата која пред една недела настапи на турнирот во Умаг.

Мојсовски во кариерата бил играч на Струга, Пелистер, Вардар, Ла Риоха, Металург и Лахвија.

макфакс