Најмалку 19 убиени при напад на ресторан во Сомалија

Најмалку 19 луѓе загинаа кога вооружени исламисти нападнале ресторан на брегот во сомалискиот главен град Могадиш во четврток навечер, соопшти во петок сомалиската полиција.

Image
Меѓу убиените се жени и деца, рече полицаецот Мохамед Абдирахман, нарекувајќи го нападот „варварски и брутален“.

По силната експлозија, вооружени напаѓачи упаднале во ресторан додека луѓето биле на масите.

Бунтовниците од редовите на Ал шебаб ја презедоа одговорноста за нападот, во кој се убиени и четворица нивни луѓе, а еден е уапсен.

Плажата Лидо во Могадиш е позната по многу ресторани кои ги посетуваат богати деловни луѓе.

„Сакаа да убијат што повеќе цивили, но безбедносните сили ги спасија повеќето од нив“, рече Абдирахман.