Десетици либиски војници се убиени во четвртокот во напад со камион бомба во полициски камп, пренесуваат агенциите повикувајќи се на болнички извори.

Камионот полн со експлозив се залетал на капијата од кампот во градот Злитен, околу 160 километри источно од либиската престолнина Триполи, каде се спроведува обука за припадници на крајбрежната стража.
Во експлозијата, според различни извори, загинале меѓу 50 и 65 војници, а ранети се меѓу 40 и 120 луѓе.
Засега никој не ја презема одговорноста за овој напад, но се верува дека станува збор екстремната сунитска организација Исламска држава кој последните месеци го зајакна своето присуство во Либија.