НБА: Победи на Портланд, Далас, Орландо…

Пет натпревари се одиграа во НБА лигата во текот на изминатата ноќ. Победи остварија Портланд, Далас, Орландо, Детроит и Мајами.

Image

Демијан Лилард постигна 33 поени во триумфот на Портланд над Индијана (111:102), Далас славеше над Минесота (128:101). Минесота го забележа 41-от пораз оваа сезона.

Орландо ја надигра Филадлефија (130:116), додека Детроит ја прекина низата на Торонто од четири триумфи, со победата од 114:101.

Мајами славеше над Њујорк (98:81) и уште повеќе ја продлабочи кризата на тимот од „Големото јаболко“.