Тотенхем и Арсенал на два бода од Лестер

Тотенхем и Арсенал славеа во дерби натпреварите против Манчестер Сити односно Лестер, кои се одиграа во 25.коло, во Премиерлигата.

Image

Конечните резултати, на овое две средби, во кои се сретнаа водечките четири екипи во лигата, само дополнително ја закомпликуваа борбата за шампионската титула. Тотенхем победи во Манчестер со 2:1, а со ист резултат Арсенал славеше против Лестер.

Тотенхем, прв пат по 2010 година славеше на „Итихад“, а во исто време Манчестер Сити го запиша вториот последовен пораз на домашен терен и повоторно против директен конкурент за титулата.

Хари Кејн го отвори резултатот, откако беше прецизен од 11 метри, во 53.минута. Младиот Нигериец Ихеначо израмни во 74.минута, а конечниот резултат во постави Ериксен девет минути подоцна.

Драматичен меч одиграа Арсенал и Лестер, кој во 95.минута го реши Велбек. Претходно, Варди од пенал му донесе предност на Лестер. ‘Лисиците’ во 52.минута остана со играч помалку, поради исклучувањето на Симпсон.

Предноста од играч повече Арсенал ја искористи во 70.минута кога израмни Волкот, а потоа во последната акција Велбек им донесе три бода на ‘топбџиите’.

По 25 одиграни натпревари лидер во Премиерлигата и понатаму е Лестер со 53 бода, два помалку имаат Тотенхем и Арсенал, а Манчестер Сити е на четвртоот место со 47 бодови.