Уште едно засилување во Милан: Густаво Гомез меѓу „црвено-црните“

Парагваецот Густаво Гомез доаѓа во Милан, како ново „засилување“ за новата сезона.

gustavo-gomez-615x400

Милан и дефинитивно постигна договор со Гомез, продолжувајќи со очајната трансфер политика. Наспроти очекувањата на навивачите за проверени засилувања, „миланезите“ го ангажираа Гомез, кој за седум милиони евра доаѓа од аргентински Ланус.

Гомез игра на позицијата стопер, а претходно во својата кариера, во периодот од 2011 до 2014 година играл уште и за парагвајскиот Либертад.

преземено од ekipa.mk