Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Скопје, 8 август, 2016 – 9:21 (META) 
dozd

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, кои ќе престанат кон крајот на денот. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Минималната температура ќе се движи од 14 до 23 Целзиусови степени, а максималната од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува исто време, со локален пороен дожд и грмежи, кои ќе престанат кон крајот на денот. Дневната температура ќе се движи од 20 до 31 Целзиусови степени.

Според УХМП, слично време не очекува и утре, особено во западните делови на земјата а од средба се очекува постепено стабилизирање на времето кога е можно и благ пораст на температурите.