Почина пејачот Блек, автор на мегахитот „Wonderful Life“

Британскиот музичар, 53-годишниот Колин Вернкомб, попознат како Блек (Black), најпознат по големиот хит од 1980-те „Wonderful Life“, починал како последица на сообраќајна несреќа во Ирска, објавено е на неговата страница на Facebook.

Image

Во кусата порака на страницата во вторникот вечерта е објавено „Colin Vearncombe , 26. 5. 1962. – 26. 1. 2016. You’ll never walk alone“.

Вернкомб, роден во Ливерпул, беше хоспитализиран по сообраќајна несреќа којашто ја доживеа на 10-ти јануари во близина на аеродромот во ирскиот град Корк. Тогаш претрпе тешки повреди на мозокот и од несреќата беше во кома.

Меланхоличната нумера „Wonderful Life“ од 1986 година беше голем хит ширум светот, а особено во Европа. Истоимениот албум е продаден во неколку милиони примероци.
Втор голем хит од истата плоча беше песната „Everything’s Coming Up Roses“. Во продолжение од кариерата издаден уште неколку албуми, но ниту одблизу со толкав успех.