Обамејанг е играч на годината во Африка

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Пјер-Еменик Обамејанг е прогласен за најдобар фудбалер на Африка во 2015 година. Најдобриот во Африка го избираат селекторите и капитените на националните тимови од овој континент.

Image

Габонецот добил најмногу гласови (143), во конкуренција на фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Брегот на Слонова коска Јаја Туре (136) и играчот на Свонси и репрезентацијата на Гана, Андре Ају (112).

Обамејанг зад себе има брилијантна сезона, на 27 натпревари има постигнато исто толку голови во сите натпреварувања.

Репрезентативецот на Габон е еден од најбараните играчи во зимскиот преоден рок, наводно Арсенал за неговите услуги нуди 57 милиони евра.