Орбан: ЕУ треба да изгради нова заштитна линија на македонско-грчката граница

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека Европската унија (ЕУ) треба да утврди нова заштитна линија долж грчката северна граница, поради тоа што договорот со Турција нема да е доволен за да го сопре мигрантскиот бран.

Image

„Мислам дека следната заштитна линија што треба да ја изградиме, е долж протегањето на северната граница на Грција“, изјавил Орбан во интервју за унгарското државно радио.

Орбан исто така додал дека  Бугарија треба да биде примена во Шенген зоната, а Македонија да добие финансиска подадршк и друг вид помош за да може да ја засили својата заштита од напливот на мигранти.