Во Холандија уапсен Французин за подготовка на атентат

Холандската полиција уапсила во неделата во Ротердам 32-годишен Французин осомничен за подготовка на атентат, наведе обвинителството при што истакнува дека операцијата е изведена на барање на Париз.

Image
„Француските власти во петокот побараа апсење на тој Французин“, осомничен за подготовка на терористички атентат, наведе холандското обвинителството во соопштението.

„Тој наскоро ќе ѝ биде предаден на Франција“, се додава без да се прецизира дали мажот е вмешан во париските атентати од ланскиот 13-ти ноември.

Холандската полиција истовремено уапсила уште тројца осомничени лица, меѓу кои мажи на 43 и 47 години од алжирско потекло. За третиот уапсен сé уште не се познати поединости, нагласи обвинителството.

Неколку куќи во еден од квартовите на Ротердам биле евакуирани во текот на операцијата на апсењето на осомничените милитанти, додал истиот извор.