Финска размислува да ја напушти еврозоната

Парламентот на Финска наредната година ќе расправа за тоа дали оваа држава ќе треба да го напушти еврото, изјави во понеделникот високата функционерка на финското собрание, Маија-Лена Павола.

Finland-economy

Ваквата одлука е донесена откако 50.000 граѓани потпишаа петиција со која се повикува на организирање на дебата за ова прашање, јави агенцијата Reuters.

„На почетокот на наредната година ќе биде спроведена проверка на потписи, а парламентарната расправа ќе биде одржана во месеците што следуваат“, рече Павола.

Петицијата, која ќе биде отворена за собирање на потписи до средината на јануари, повикува на одржување на референдум за членство на Финска во еврозоната, кое ќе биде можно само доколку парламентот ја поддржи оваа идеја.

И покрај ваквата идеја, истражувањето на Евробарометарот спроведено овој  месец покажа дека 64 отсто од Финците ја поддржуваат заедничката валута, што сепак е значително помалку во однос на минатата година, кога овој процент изнесуваше 69 отсто.

Нордиската држава три години по ред бележи економски пад.

макфакс