Европратениците задоволни од поставувањето нов датум за избори

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои беа медијатори за постигнување на Договорот од Пржино, по разговорите со партиите во Скопје, во вторник, задоволни се од гласањето на Собранието да постави нов датум за одржување на парламентарните избори на 5 јуни 2016.
Image (6)

Сепак, сметаат дека договорот на сите партии треба да остане од суштинско значење и да се исполнат сите елементи со кои земјата може да се врати на вистинскиот пат кон евро-атлантска перспектива.

„Жалиме за пропуштена можност да се најде консензус меѓу сите партии, се надеваме дека проблемите што ги дискутиравме како посредници со сите партии, ќе помогнат да се идентификуваат критичните прашања кои што можат да обезбедат основа за да се овозможи новите избори да бидат веродостојни. Ги потсетуваме сите партии и сите луѓе во земјата дека целосното спроведување на политичкиот договор и извршување на итните реформски приоритети се од суштинско значење за одржувањето на позитивна препорака за почеток на преговори. Не постои скратен пат и нема алтернатива за Договорот од Пржино и ги повикуваме политичките партии да постигнат консензус за овие реформи, како единствен начин да се обезбеди патот на земјата кон евро-атлантска интеграција и европска перспектива“, се вели во соопштението на европратениците.

Тие ги повикаа политичките лидери да продолжат со својата посветеност кон реформите и се надеваат ќе направат напори да создадат услови за веродостојни избори, а велат и дека Европскиот парламент ќе бидат присутен за време на изборниот период како поддршка и за спроведување на демократскиот развој кој е во интерес најмногу од се на македонскиот народ.

макфакс