Најмалку 12 лица починаа од студ во Полска

Најмалку 12 лица починаа во Полска во изминатите 24 часа од студеното време, со што бројот на почината од смрзнување во новата година достигна 24.

polska-stud

„Во недела на 3 јануари од последици на смрзнување починаа 12 лица“, соопшти Центарот за безбедност на полската влада.

Националниот институт за метеорологија издаде во понеделникот исто предупредување, како и во изминатиот викенд дека температурите ќе бидат длабоко под нулата.

Најчести жртви во Полска од студено време се бездомници, пијани лица кои заспиваат на отворено и стари лица.

Покрај жртвите од студ во Полска расте бројот и на починати од труење од јаглен моноксид од неисправни печки или непроветрени простории. Само од труење во изминатиот викенд починаа шест лица.

Извор: Макфакс