Западноевропските лидери се виновни поради тоа што благонаклонето гледаат на мигрантското прашање и се создаваат „сериозни терористички ризици“, како и секојдневно влошување на безбедносната состојба на континентот, рекол унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Миграцијата треба да се сопре“, порачал Орбан и повикал на „европска одбранбена линија“, на северната граница на Грција, со што би се сопрел приливот на луѓе.
Орбан, кој во Будимпешта оствари средба со полската премиерка Беата Шидло, изјавил дека „мигрантскиот феномен не влегол насилно во Европа“, но дека во западна Европа се влегува „некотролирано и без безбедносни проверки“, пренесува АР.
Полската премиерка Шидло, пак, повикала на засилување на јужните граници на Шенген зоната, наведувајќи дека „мигрантското прашање мора да биде решено вон границите на Европската унија“.