Извори: Брисел и Лондон не можат да ги надминат разликите за реформите на ЕУ

Брисел и Лондон сé уште не можат на остварат напредок во преговорите во врска со реформите на Европската унија во врска со барањата на Велика Британија за нејзиното останување во Унијата, кои се одвиваат во четвртокот на почетокот од дводневниот самит на ЕУ, изјавил европски дипломат.

Image

„Има и лоша и добра вест. Добрата се состои во тоа што сите земји членки изразија желба да се направат обиди да се задржи Велика Британија во составот на Европската унија. А лошата се состои во тоа што сите главни прашања остануваат отворени, и нема напредок“, изјавил неименуван европски дипломатски извор, пренесува руската агенција ТАСС.

Подоцна ноќта кон петокот претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, зад затворени врати ќе разговараат со британскиот премиер Дејвид Камерон.

„По работната вечера, на којашто присуствуваат челниците на сите 28 држави од Европската унија, Туск и Јункер ќе имаат одвоена средба со Камерон“, рекол соговорникот. Според него, тоа ќе се случи по полноќ по средноевропско време. „Тие зад затворени врати ќе ги разгледаат прашањата кои сé уште се отворени“, додал.

Британскиот премиер Камерон на почетокот од самитот во Брисел, ги повикал своите колеги од ЕУ да ја искористат можноста и да постигнат договор, кој ќе помогне да се реформира Унијата и ќе гарантира дека Обединетото Кралство ќе остане дел од неа.

„Прашањето за местото на Велика Британија во Европа се дискутираше многу долго, што тоа се ‘усвити’. Дојде времето да го решиме“, рекол британскиот премиер обраќајќи им се на колегите. „Доколку можеме да постигнеме договор кој ќе биде доволно цврст за да ги убеди британските граѓани да го поддржат членството на Велика Британија во ЕУ, ќе добиеме можност да го решиме за ова прашање целосно во иднина…“, додал.

Камерон истовремено повикал да им се даде слобода на оние членки на ЕУ, кои сакаат да имаат повеќе независност. Оваа можност ќе доведе до принципиелно различен пристап на односите со ЕУ, кои некои ги нарекуваат ‘живеј и остави ги другите да живеат’“, додал британскиот премиер. Според него, при таков пристап „оние земји коишто сакаат поголема интеграција, може да ја добијат, а истовремено меѓу нас, кои тоа не го сакаат, можат да добијат гаранции дека нивните интереси ќе бидат правно обврзувачки и за кои не треба одново да се започне борба“.