Осум начини да го одморите мозокот

Вашиот мозок не е машина, научете како да го извадете максимумот од него. Ако сте уморни, под стрес или исцрпени, а сакате максимално да го искористите, пробајте некој од овие осум трикови.

son

 

Прошетајте го мозокот
Само 20-30 минути шетање е доволно на вашиот мозок да одмори, а на свеж воздух побрзо се развиваат нови мозочни клетки.

Изведете го мозокот во природа
Психолозите ни денес не знаат зошто луѓето полесно учат додека одат во природа отколку во трговски центар. Одењето во природа го подобрува расположението и го зголемува нивото на витаминот Д во телото.

Направете го покреативен
Правете работи кои обично не ги правите, да можете да ги видите од друг агол. Писателите би можеле да читаат книги за деца или можете да купувате нешто што никогаш не би го купиле.

Користете техники за брз одмор
Многу малку луѓе знаат дека техниките за одмарање многу можат да му помогнат на организмот. Постојат четири начини на активен одмор: физички, психички, друштвен и спиритуален, а сите тие помагаат во намалувањето на стресот Правете мали паузи наколку пати дневно при кои ќе одмарате на еден од наведените начини. Така многу полесно ќе го издржете напорниот работен ден.

Наспијте го мозокот
За да успешно учите или работите седум, осум часа потребно ви е неколку часа длабок сон. Ако спиете квалитетно, на добар пат сте да спречите болести на срцето, а ќе го зајакнете и вашиот имунолошки систем.

Искористете го својот биоритам
На вашиот часовник му е сеедно дали е четири часот наутро или навечер, но на вашиот мозок не. Најдобро се памтат информации наутро, а вечерта е одлична за посети на пријатели или фамилијата. Затоа стремете се кон тоа своите обврски да ги искоординирате со природниот биоритам на својот организам.

Обратете внимание на вниманието
Колку повеќе пробувате да го оптеретите својот мозок, кој може да работи само една по една работа, толку повеќе ќе бидете под стрес. Направете пауза и одморете се за да не почнете да грешите.

Уживајте во сексот
Додека шетате, вашите клетки во мозокот се размножуваат, а истото се случува и за време на сексот, така да тоа е одличен начин да се одморите. Сексот инаку ја подобрува работата на срцето и артериите, а е и најдобар лек за лошото расположение.