Откриена „супер Земја“ со атмосфера ВИДЕО

Астрономите на американската агенција за вселенски истражувања NASA и од Европската вселенска агенција (ESA) со помош на телескопот Хабл ја открија екзопланета којашто ја опишуваат како „супер Земја“.

Image

И покрај тоа што планетата има атмосфера, научниците сметаат дека се минимални шансите на неа да постојат некакви форми на живот.

Екзопланетата е именувана 55 Cancri и се наоѓа на околу 40 светлосни години од Земјата, што за вселенски стандарди е доста блиску.

Планетата е осум пати поголема од Земјата. Поради нејзината карпеста површина и големите димензии, научниците ја нарекуваат „супер Земја“. Астрономите сметаат дека ова е најчестиот тип планети во галаксијата.

„Станува збор за многу возбудливо открие, бидејќи првпат откривме спектрални траги од гасовите, кои се наоѓаат во атмосферата на ‘супер Земјата’. Нашите истражувања на атмосферата на 55 Cancri покажуваат дека планетата успеала да задржи сериозни количества водород и хелиум“, изјави Ангелос Циарас, еден од учесниците во истражувањето.

Според податоците што ги добиле научниците за атмосферата на откриената планета е составена речиси целосно од овие два елемента и не се откриени никакви индиции за постоење вода.

Покрај тоа, планетата 55 Cancri се наоѓа многу блиску до својата ѕвезда. Една нејзина година изнесува 18 часа на Земјата на температурата на површината достигнува до 2.000 Целзиусови степени.