Официјално: Интер му врачи отказ на Де Бур

Калчолигашот Интер ја прекина соработката со холандскиот стручњак Франк де Бур после само 11 натпревари во италијанскиот шампионат. Гигантот од Милано е во катастрофална форма оваа сезона и се наоѓа на 12. позиција на табелата, што е под очекувањата на челниците на клубот.

de-bur-inter-615x400

Де Бур неколкупати беше на прагот на отказ, а овојпат раководството одлучи да го разреши тренерот, кој не успеа да направи победничка серија и покрај неколкуте квалитетни засилувања во тимот. За овој предвремен раскин на договорот, Де Бур ќе добие 1.3 милиони евра.

Во наредниот период челниците на „нероаѕурите“ ќе го назначат новиот стратег на клубот, а како најголем фаворит се спомнува поранешниот тренер на Лацио, Стефано Пиоли.

ekipa.mk