Рио 2016: Формирани четвртфиналните парови на кошаркарскиот турнир

На Олимписките игри во Рио ноќеска заврши групната фаза на турнирот во кошарка по што познати се двојките за четвртфиналето.

551

Најтешка задача ќе има Аргентина која за противник ги доби САД, Хрватска со победата во последното коло над Литванија (90:81) го освои првото место во Б-групата и за противник ја доби Србија, неизвесно се очекува да биде и на дуелот Шпанија – Франција.

Двојки за 1/4финалето во кошарка на Игрите во Рио:

Австралија- Литванија,
Франција – Шпанија,
САД – Аргентина и
Хрватска – Србија.

Четвртфиналната фаза почнува утре (17 август).