Србија прв финалист на ЕП во ватерполо

Најголемиот фаворит за освојување на златниот медал на Европското првенство во ватерполо, кое се одржува во Белград, домашната репрезентација на Србија избори пласман во финалето.

Image

Србите, кои ја бранат титулата, во првото полуфинале убедливо ја поразија Грција со 13:7 (4:3, 2:0, 4:1, 3:3).

Грција против фаворитот беше во игра само во првата четвртина, потоа Србите го подигнаа нивото на својата игра во дефанзивата и до почетокот на четвртата четвртина со серија од 6:1 практично го решија победникот.

Душко Пјетловиќ и Филип Филиповиќ со по три гола беа најефикасни во победничката репрезентација, додека Гунас и Влахопулос беа стрелци на по два гола за Грција.

Противник на Србија, во финалето, ќе биде победникот од второто полуфинале во кое ќе играат Црна Гора и Унгарија (четврток, 20:15 часот).

Финалниот меч на програмата е во сабота од 17:45 часот.